
Плата од 23.000 ден. до 25.000 ден.
ЕУРО ОФИС ДООЕЛ - Скопје е една од водечките македонски компании за трговија и дистрибуција на канцелариски материјали, има потреба од извршител за позицијата:
Работник во магацинот во Скопје
Кандидатот ќе биде одговорен за:
- Прием и издавање на производи, редење, подредување
- Логистичка поддршка на секторите за продажба и дистрибуција
- Одржување на хигена во магацинот и просторот околу магацинот
Барања за позицијата:
- Средно образование
- Искуство со работа на компјутер
- Одговорност, комуникативност и способност за работа во тим
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
- Стимулативен финансиски пакет
- Динамична и професионална работна средина
- Тимска атмосфера
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 30.11.2023.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.