Специјалист за дигитален маркетинг

  • Објавен на 8.2021
  • Евит шоп ДООЕЛ
  • Активен до 18.08.2021
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.evit.mk

Специјалист за дигитален маркетинг (e-commerce)

Го прошируваме маркетинг тимот во канцеларијата во Скопје (на Рузвелтова) и за таа цел бараме енергични, иницијативни и посветени нови колеги кои вистински го сакаат дигиталниот маркетинг со сите предизвици што тој ги носи.

Идеалниот кандидат треба да има познавање на Growth Hacking кој ќе ни помогне да ја спроведеме и унапредиме маркетинг стратегијата на Евит Шоп, под закрила на Директорот на Маркетинг.

Одговорностите подразбираат:

  • Следење на секојдневната активност на страницата и нејзината целокупна ефективност за да се постигнат цели како подобрување на корисничкото искуство, зголемување на сообраќајот и продажбата на производи и развој на лојалност кон брендот.

  • Да ја следи постоечката да создава нова информативна и интересна содржина за таргетираната публика;

  • Создава, применува и раководи со стратегијата за социјални медиуми, а притоа развива и одржува повеќе профили на социјалните медиуми, и комуницира со инфлуенсери од индустријата;

  • Го поддржува развојот на постоечките и на нови материјали за кампања, како креирање содржини, слики и видеа, заедно со тимот за графички дизајн и копирајтинг;

  • Помага во креирањето содржини согласно календарот за креирање и уредување содржини, и согласно истиот уредува и планира конкретни маркетинг кампањи во даден временски период;

  • Мери, проценува и поднесува извештаи за успешноста на сите активности поврзани со дигиталниот маркетинг, оценува цели (ROI и KPI) користејќи ги податоците за да унапреди идни стратегии;

  • Ефективно и навремено култивира интересенти (leads) за тимот на продажба.

  • Спроведува други маркетинг должности кога е потребно. 

Знаења, вештини и образование

  • Релевантни квалификации во областа на дигитален маркетинг, со минимум 1 година работно искуство. 

  • Добра социјална интелигенција

  • Основно познавање на платен дигитален адвертајзинг и дигитален lead generation преку Google (Search, Display, Video) и на социјалните медиуми (LinkedIn, Facebook, Twitter);

  • Силни аналитички вештини, способност за следење, анализа и извештаи на резултати и давање препораки за оптимизација и подобрување Google Analytics;

  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и интерперсонални способности; 

  • Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали; 

  • Иницијативност, со способност за извршување повеќе задачи;

  • Креативност и само-мотивираност;

  • Силни стратешки, аналитички вештини и способност за проектен менаџмент;

  • Тимски играч мотивиран целосно да го унапреди маркетинг потенцијалот на Евит Шоп

Предности и бенефиции (кои нашата компанија ги обезбедува):

Евит Шоп e специјализирана Q-Commerce продавница за брза испорака на витамини, суплементи, здрава исхрана и козметика

  • Конкурентна плата

  • Зголемување на платата во првите 12 месеци

  • Постојано обучување, личен и професионален раст.

  • Ако постанете дел на брзо растечки старт ап, ќе имате можност за напредување на високи позиции.

  • Интегритет, флексибилност, ангажираност и светла и стабилна иднина.

  • Ако сакате да станете дел на Евит Шоп, испратете го своето CV на англиски со фотографија. Ве молиме, имајте во предвид дека само кандидатите кои ќе останат во потесниот круг ќе бидат контактирани.

  • www.evit.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »