Референт за продажба - Битола

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Биди дел од нашиот тим

ПОЗИЦИЈА: РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

 

Идеалниот кандидат е:

  • Услужлив, искрен, насмеан, со позитивен став и тимски дух
  • Многу добро ја познава техниката, постојано учи новитети и ги следи најновите трендови во индустријата
  • Знае да ги открие потребите на купувачите и да продаде „вредност“
  • Придонесува за неповторливо купувачко искуство
  • Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
  • Сака да пренесува знаење на своите колеги и заеднички се стремат кон успех
  • Има познавање на англиски јазик и MS Office

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Продуктни обуки од врвни производители на техника
  • Обуки за развивање на продажни техники и вештини
  • Ментор и колеги кои ќе ти помогнат побрзо да навлезеш во работата
  • Тим билдинг активности
  • Плата и бонуси кои зависат од успешноста
  • Пакет на бенефиции
  • Инсентив програми и квартални награди за најуспешните
  • Работа во смени –40 часа неделно

Доколку посакуваш да работиш во тим и компанија како нашата и да станеш дел од големо регионално семејство каде што ќе можеш да ги оствариш своите потенцијали и да ги надминеш своите очекувања, те покануваме да ни се придружиш!

Ако ги исполнуваш нашите критериуми за успешност не се двоуми да аплицираш преку полето за „брза апликација“ не подоцна од 02.10.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »