Менаџер за испораки и монтажи

СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:

МЕНАЏЕР ЗА ИСПОРАКИ И МОНТАЖИ

 Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование од областа на техничките науки
  • Претходно работно искуство во менаџирање на тим и односи со клиенти
  • Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одговорност, систематичност и организираност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
  • Способност за работа со временски рокови

Одговорности и работни задачи:

  • Доделување, следење и контрола на премиум испораки и налози за монтажа на клима уреди
  • Организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими и премиум испорака (вработени во СМ)
  • Комуникација, организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими (надворешни соработници)
  • Одржување на квалитетна услуга
  • Исполнување на роковите од договорените налози и испораки
  • Комуникација со клиенти, примање на поплаки и забелешки
  • Спремање извештаи месечни, квартални и годишни
  • Одржување и надополнување на мрежата на надворешни соработници

 Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука
  • Работно време: 08:00 – 16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 08.12.2024

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »