За компанијата: НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за:
А. Индустриска автоматизација
Б. Техничка заштита на објекти
В. Детекција и дојава н позар и...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Потребен ни е ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕР за инсталирање на системи за :
- Контрола и регулација на движење на возила и луѓе со електро-механички бариери
- Компоненти и системи за Индустриска автоматизација
- Контрола и евиденција на пристап со електронски уреди
- Техничка заштита од кражба и упад - Алармни системи
- Системи за детекција и дојава на Пожар
- Системи за Видеонадзор
Реализацијата на работните обврски воглавно се реализира на објектиите на муштериите, а делумно и во нашиот деловенн простор на Бул.Ј.Сандански бр.12 и тоа од 08:30 до 16:30 часот од Понеделник до Петок (Викендите и Празниците се неработни) , па согласно со тоа од кандидатите се бара:
- Да имаат Средно или Високо Електро-техничко образование
- Познавање и афинитети за електроника и електронски уреди
- Да бидат комуникативни и услужливи
- Познавање на пишаниот Македонски и Англиски јазик
- Да имаат Возачка дозвола Б-категорија
Во зависност од претходното искуство и знањато првите 1 до 3-месеци кандидатите ќе имаат обука и во тој период месечните примања ќе бидат 40.000ден. Примањата по завршување на обуката ќе се движат од 50.000 до 80.000ден и тоа во зависност од нивото на самосталното завршување на обврските, а со тоа и успешноста во работењето - реализацијата.