Комерцијален - Стручен соработник

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 11 месеци
  • СЕПТИМА
  • Активен до 17.02.2024
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: 02/3060-175
  • Веб: www.septima.com.mk/

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје бул.3-та Македонска бригада бр.92 - Скопје го проширува својот тим и распишува оглас

Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени со својот личен став и знаење да дадат придонес во работењето на компанијата.

Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.

Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место

 

КОМЕРЦИЈАЛЕН - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК (повеќе извршители)

- за Источна, Западна и Централна Македонија

 

Потребни квалификации:

  • VII-1 степен на стручна подготовка : Фармацевтски , Медицински, Стоматолошки или Ветеринарен факултет
  • Со или без работно искуство во промоција на фармацевтски производи  

Опис на работата:

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти
  • Промоција и презентација на производите
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни и едукативни собири

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 18.02.2024 год. на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »