Тренинг Менаџер

  • Објавен на 9.2021
  • АДКОМ
  • Активен до 30.09.2021
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје

АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија) е невладина и непрофитна организација, која ги здружува Јавните комунални претпријатија во Република Северна Македонија и ги застапува нивните интереси, со цел подобрување на условите за работа на ЈКП и спроведување на активности за унапредување на комуналната дејност и подобрување на ефективноста и ефикасноста на работењето на ЈКП.

АДКОМ за потребите на својот Тренинг Центар има потреба од вработување на едно лице на определено работно време од 12 месеци за позиција: 

1. Тренинг Менаџер

Општи квалификации: 

  • Завршено универзитетско образование (Економски науки, Социјални науки, Инжинерство, Бизнис администрација)
  • Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик (пишување, читање и зборување)  
  • Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)

Менаџерски квалификации:   

  • Познавање на проектен менаџмент и работно искуство на проекти (над 3 години) 
  • Искуство при развивање на тренинг програми и поединечни обуки 
  • Искуство при менаџирање на Тренери и Модератори 

Останати квалификации: 

  • Изработка на финансиски и наративни извештаи 
  • Способност за тимска работа

Секторски квалификации:   

  • Работно искуство поврзано со јавни комунални претпријатија во Република Северна Македонија (се смета за предност)  
  • Познавање на секторот води и отпад (се смета за предност)  
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност

Сите заинтересирани кандидати можат да достават своја биографија во European Curriculum Vitae Format и мотивационо писмо, на следната е- маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 27.09.2021 год. до 15 часот.

Забелешка:     

  • Во е-мејлот кој ќе го испратите, обележете ја вашата апликација со: Апликација - Тренинг Менаџер АДКОМ
  • Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.  
  • Доколку апликацијата не е комплетна или е испратена после дадениот рок, истата нема да биде земена во предвид.   

Подетални информации може да добиете на следните телефонски броеви: 02/2461-971, 071/ 222 899.

АДКОМ го задржува правото на дополнување и поништување на конкурсот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »