Специјалист за корисничка поддршка со фламански јазик (м/ж)

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Стани дел од новиот тим за нашиот проект со фламански јазик! Станува збор за проект во областа на корисничката поддршка за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран! Работната позиција не вклучува продажба.

 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 900 евра
  • Платена обука
  • Месечен систем за наградување
  • Бонуси за препораки на пријател

  • Пријатна и динамична работна атмосфера

  • Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери

  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион

 

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка со фламански јазик

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
  • Ќе им нудиш поддршка на корисниците и навремено ќе одговараш на нивните прашања
  • Прашањата кои ќе ги добиваш од страна на корисниците најчесто се поврзани со нудење помош и давање информации во врска со производите и услугите кои компанијата ги нуди
  • Секојдневно ќе комуницираш на фламански јазик
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот

 

Што бараме?

  • Одлично познавање на фламански јазик (зборување и пишување)
  • Основно познавање на компјутерско работење
  • Одлични комуникациски вештини
  • Љубопитност и желба за учење на нови работа
  • Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување
  • Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект
  • Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба се смета за предност

 

Како изгледа животот во Транском?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »