Систем администратор во МКхост

  • Објавен на 7.2018
  • МКхост ДООЕЛ
  • Активен до 21.07.2018
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 022779444

Оглас за работа во МКхост (Систем администратор)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за пракса со можност за вработување, за позицијата систем администратор. Секој дипломиран од областа на техничките науки може да аплицира за позицијата.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system)

  • Управување, мониторинг, upgrade и контрола врз безбедноста на Linux системите

  • Решавање на најразлични предизвици поврзани со серверите и услугите на корисниците на МКхост

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Linux системи (CentOS, Ubuntu, RedHat…) – инсталација, администрација, мониторинг, troubleshooting

  • Domain Name System (DNS)

  • LAMP stack

  • Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal)

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 16.08.2018. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »