Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на ИНТЕРЦЕРТ дооел Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот
О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
1 (еден) дипломиран градежен инженер за вршење надзор и
проверка на ИСО системи за управување
со следниве,
Неопходни компетенции:
- Високо образование ВСП (Градежен факултет со 240 или 300 ЕКТС),
- Со работно искуство од најмалку 2 (две) години
- Задолжително поседување на А или Б овластување за вршење надзор од КОАИ на Република Северна Македонија
- Работа со MS Office
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
- Познавање на еден странски јазик (предност)
Конкурентска предност за работната позиција:
- Аналитички, комуникациски и организациски способности,
- Ефективност и ефикасност
- Флексибилност и адаптибилност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Подготвеност за учење и личен развој
Опис на работата
- Врши надзор на проекти,
- Води техничка документација, градежни книги и градежен дневник,
- Изготвува извештаи,
- Дава неделна и месечна реализација за извршените работи,
- Врши проверка на системи за квалитет во градежни компании
Нудиме
- Професионална работна атмосфера
- Можност за работа на меѓународни проекти
- Обуки
- Возило за потребите на работните активности
- Плата која соодветствува на работното искуство и работните одговорности
Дневното клизно работно време на работникот е од 8-9 часот до 16-17 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во ИНТЕРЦЕРТ дооел Скопје, ул. Јордан Мијалков бр.44-2/1 и електронски преку полето Брза Апликација.
Телефон за контакт 02/ 614 76 74
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
ИНТЕРЦЕРТ дооел Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост на Вашата апликација.