Асистент за продажба - Комерцијалист

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност... повеќе за компанијата »

Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот МЕДИКУС објавува оглас за работа на позиција АСИСТЕН ЗА ПРОДАЖБА - КОМЕРЦИЈАЛИСТ

МЕДИКУС дооел од Скопје е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на хербални производи ЕСИ од Италија, водечка компанија во Италија и во светот, присутна во 69 земји во светот, а во Македонија од 2003 година.

Потребни квалификации:

  • ВСС/ССС  дипломиран фармацевт, фармацевтски техничар, фармацевтски лаборант, биолог, технолог, хемичар или сродно образование
  • Познавање на фармацевтски производи е предност
  • Возачка дозвола Б – категорија и возачко искуство

Посакувани карактеристики:

  • Проактивеност, комуникативност и професионален однос со коминтентите
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Ориентиран кон резулати
  • Лојален на компанијата
  • Отворен, искрен и позитивен став
  • Амбициозност, иницијативност и мотивираност при извршување на работните задачи
  • Подготвен за тимска работа

Одговорности и задачи:

  • Редовна комуникација со коминтенти и остварување на нарачки од купци
  • Грижа и одговорност за производите во магацинот
  • Спроведување на акции за продажба

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Почетна плата  во зависност од искуството и брзо напредување
  • Годишен регрес и бонус
  • Работниот однос за позицијата ce заснова на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок.
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 07:30 до 15:30 часот.
  • Локација на објектот е во населба Ѓорче Петров.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратета ја својата апликација  на e-mail: medikus@medikus.com.mk. со назнака за работно место АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА.

Потребни документи:

  • Кратка биографија
  • Копија од диплома за завршено образование 
  • Копија од возачка дозвола.
  • Рок на пријавување 10.02.2024
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »