Домар-Хаус Мајстор

За компанијата: Главните активности на компанијата се изнајмување и управување со имот. повеќе за компанијата »

Граве Имоти ДООЕЛ Скопје објавува конкурс за следното работно место:

Домар - Хаусмајстор

 

Вашите работни обврски се:

 

    • контрола на механички и електрични инсталации (котел, пумпи, чилер, осветлување итн.)

    • мали електрични поправки (осветлување, прекинувачи, приклучоци, осигурувачи итн.)

    • инсталација и демонтирање на сифони, чешми, одводи и други водоводни инсталации

    • надзор и активно учество во работењето на надворешните добавувачи

    • грижа за животната средина и зелените површини

 

Доколку ги поседувате следните квалификации:

    • работно искуство во извршување на слични работи на деловни или стамбени објекти

    • основни познавања од машинските инсталации и искуство со работа со нив

    • самостојна работа на помали поправки

    • познавање на завршни работи во градежништвото (керамички, водоводни и електрични инсталации, бојадисување, ГК ѕидови)

    • проактивен и посветен пристап кон работата

    • организација и склоност кон тимска работа

    • поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност

 

Со работа во GRAWE Имоти  Скопје ќе добиете…

    • договор во реномирана Австриска компанија

    • можност за унапредување и награди за постигнатите резултати

    • можност за континуирано усовршување преку учење на нови знаења и вештини

    • искуство со работа во општествено одговорна компанија

    • корпоративно градење тим и други тимски активности

 

Испратете ја Вашата професионална биографија на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »