РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА-СТРУМИЦА

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН е дел од најголемата инвестициска групација на Балканот – Балфин Груп, распространета во земјите на Балканот и Југоисточна Европа со инвестиции од областа на малопродажба, недвижности, енергетика, туризам, образование, градежништво и банкарство. Со годишен обрт од 500 милиони ЕУР и 5.000 вработени во сите компании, Балфин Груп претставува влијателен и активен учесник во економскиот раст и развој во регионот.

Нептун Македонија претставува водечка и најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од потрошувачка електроника, со повеќе од 20 годишно присуство на македонскиот пазар и над 400 вработени. Нашата уникатност, препознатлив имиџ и вредностите кои ги претставуваме се широко прифатени помеѓу потрошувачите.

Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишуваме оглас за вработување на:

 

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Со место на вршење на работните задачи во

Струмица (1 извршител)

 

 Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС;
  • Силни комуникациски вештини;
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, интернет пребарувачи, социјални медиуми
  • Поседување на возачка дозвола за Б категорија;   
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност
  • Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех

 

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
  • Континуирано учење на технолошките и пазарните трендови, како и на карактеристиките на производите на компанијата
  • Темелно познавање на индустријата, 
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон.

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

 

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете ја Вашата кратка биографија на e-мail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: „Референт за продажба-Струмица“ или преку пополнување на веб апликацијата.

 

Огласот е активен до 14.08.2019 година.

 

Општи правила за аплицирање:

Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).

Назнака на позицијата за која се аплицира

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »