(преземи го огласот во Word)
Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu и www.phoenix-all-in-one.eu
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи го портфолиото на реномиран производител
Потребни квалификации:
- ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;
- Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност;
Опис на работата:
- Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител;
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
- Редовни извештаи;
- Учество и организирање на стручни собири;
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар;
Потребни вештини и способности:
- Познавање на MS Office;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлични комуникациски и презентациски способности;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.