Агент за продажба

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Double Tree by Hilton Skopje:

Хигиеничар/ка - Келнер/ка - Слаткар/ка

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

AГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Обврски и одговорности:

  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
  • Организирање, координирање и водење на продажните активности
  • Организирање и водење на состаноци и презентации
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
  • Изработка на понуди
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
  • Стратешко планирање и развој на производи и услуги
  • Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
  • Го известува директорот за продажба во случај на констатирани проблеми и дава предлози за нивно надминување

Квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 2 години работно искуство во продажба, пожелно во хотелска индустрија
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација), познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.

Работното време изнесува 40 часа од 9 до 17 часот секој работен ден.

Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатите.

Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ги поседуваат горенаведените квалификации ќе бидат поканети на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »