Сметководител

  • Објавен на 1.2022
  • Винарска Визба Лазар
  • Активен до 11.02.2022
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Градско

(преземи го огласот како PDF)

Винарска Визба Лазар успешна винска приказна веќе 20 години, препознатлив бренд во Македонија и во странство. Нашата мала семејна винарија засилено се развива преку континуирано инвестирање во нови технологии, нови производи и нови пазари. Нашите вински брендови Pearl, Allure, Erigon, Minerva, Alshar се дел  од нашата палета на врвни вина, а од скоро нашата винарија понудата ја дополни и со атрактивен вински туризам

Професионалниот развојот на нашите вработени е континуиран порцес затоа што тие се нашето најголемо богатсво. Со цел да го обезбедиме нашето успешно работење, ние сме во потрага по нови енергични, отворени и посветени кандидати кои би се придружиле на нашата компанија. Винарска Визба Лазар нуди одлични услови за работа, континуирана едукација и кариерен развој.

Ако сте заинтересирани да бидете дел од една успешна винска приказна и препознатлив македонски вински бренд Ве повикуваме да аплицирате за работната позицијата СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Работни обврски

  • Сметководствено-финансиско книжење
  • Изработка на даночни биланси и извештаи
  • Менаџмент на готовински тек
  • Изготвување на периодични и годишни биланси
  • Комуникација со купувачи и добавувачи
  • Комуникација со банки

Потребно образование

  • Високо или средно образование
  • Сертификат за овластен сметководител

Потребни познавања

  • MS Office
  • Искуство со работа на електронски сметководствен софтвер
  • Познавање за Англиски јазик ќе се смета за предност
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност

Ако сте заинтересирани да се придружите на нашиот млад и енергичен тим Ве повикуваме да аплицирате со доставување на Вашето CV на е-адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] или на телефон 070-218-547 Магдалена Ристова

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »