В.Д. Директорот на единствениот содружник Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје во согласност со Изјавата за основање на трговско друштво за сообраќај, туризам, услуги трговија ЈСП ТУРС ЈСП СКОПЈЕ ДООЕЛ дава предлог до Управниот одбор за именување на Управител. За таа цел В.Д. Директорот има потреба од кандидати кои пројавуваат интерес за Управител на ЈСП ТУРС— ЈСП СКОПЈЕ за да предложи соодветен кандидат за позицијата:
УПРАВИТЕЛ НА ЈСП ТУРС-ЈСП СКОПЈЕ
Кандидатите кои се заинтересирани потребно е:
- Силно да веруваат во сопствените капацитети,
- Да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини
- Способности за тимска работа и
- Да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнат следниве услови:
Општи улови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- ДА има општа здравствена способност за работното место
Вид на образование:
- Стекнато ниво на квалификации VІА според Македонска рамка на квалификации или најмалку 240 кредити според ЕКТС или VIl/ 1 степен - сите струки
Други посебни услови:
- Активно познавање на англиски јазик
- Активно познавање на комјутерски и програми за канцелариско работење
- Сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај
- Сертификат за раководење со туристичка агенција
- Најмалку пет години работно искуство.
*Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска и истиот има за цел да даде шанса на што поголем број способни кандидати и затоа единствениот содружник се одлучи на ваков чекор;
Заинтересираните кандидати потребно е да достават професионална биографија, мотивационо писмо и двегодишна програма за работа на туристичката агенција заклучно со 18.07.2024_година до Одделението за_ управување со човечки ресурси кај единствениот содружник- ЈCП СКОПЈЕ-СКОПЈЕ или на емаил адресата: [најави се за да го видиш е-маилот]
Поврзани огласи »