За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ
ПОЗИЦИЈА: РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА (за IT опрема)
локација: Скопје, City Mall и Стадион активен до: 28/04/2022
Идеалниот кандидат е:
- Услужлив, искрен, насмеан, со позитивен став и тимски дух
- Многу добро ја познава техниката, постојано учи новитети и ги следи најновите трендови во индустријата
- Знае да ги открие потребите на купувачите и да продаде „вредност“
- Придонесува за неповторливо купувачко искуство
- Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
- Сака да пренесува знаење на своите колеги и заеднички се стремат кон успех
- Има познавање на англиски јазик и MS Office
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Продуктни обуки од врвни производители на техника
- Обуки за развивање на продажни техники и вештини
- Ментор и колеги кои ќе ти помогнат побрзо да навлезеш во работата
- Тим билдинг активности
- Плата и бонуси кои зависат од успешноста
- Пакет на бенефиции
- Инсентив програми и квартални награди за најуспешните
- Работа во смени –40 часа неделно
Доколку посакуваш да станеш дел од големо регионално семејство каде што ќе можеш да ги оствариш своите потенцијали и да ги надминеш своите очекувања, те покануваме да ни се придружиш!
Ако ги исполнуваш нашите критериуми за успешност не се двоуми да аплицираш.
Слични огласи »