Техничар за одржување

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Имплементација на сите безбедносни стандарди
  • Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство
  • Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи
  • Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика
  • Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат
  • Искуство во работа со вилушкар и платформа за работа на висина

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Задолжително средно образование од техничките науки (Електро струка)
  • Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ( ќе се смета за предност)
  • Способност за читање на техничка документација
  • Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина
  • Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик
  • Познавање на регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
  • Способен за превземање иницијатива во работењето
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »