МАГАЦИОНЕР

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.200 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.

Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:


МАГАЦИОНЕР

 

Задачи и одговорности:

  • Идентификување, сортирање и складирање на примена стокa
  • Инспекција на влезнa и излезнa стокa
  • Водење сметка на влезната и излезна стока, во нашиот систем ERP-систем и SAP
  • Управување и оптимизација на капацитетот за складирање
  • Материјална поставка за процесот на производство
  • Подигање, пакување и испорака на излезни стоки
  • Утовар и истовар на стока во/од камиони.

Барања и квалификации:

  • Работно искуство на слична функција
  • Добро познавање на MS-Office
  • Потребна е дозвола за возење на виљушкар или Б – возачка дозвола
  • Способност да работи во тим

Загарантирани работни услови:

  • Организиран превоз
  • Лична заштитна опрема
  • Редовна плата
  • Дневни оброци
  • Загарантирани права според Законот за работни односи

 

Доколку оваа позиција ви изгледа ипривлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратите вашето резиме/ CV на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Магационер“.

Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.

Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »