ОГЛАС за Дипломиран фармацевт
Италијанска приватна здравствена установа Општа Болница Еуроиталиа – Скопје чиј примарен фокус на работа е европска грижа за вашето здравје – има потреба од проширување на својот тим на позиција: дипломиран фармацевт.
Потребни квалификации:
- ВСС образование – Фармацевтски Факултет ;
- Валидна лиценца- Фармацевт ;
- Претходно работно искуство во аптека или веледрогерија ќе се смета за предност;
- Работа со компјутери и познавање на MC Office;
Личен профил:
- Стручност и елоквентност
- Љубезен и срдечен однос со пациентите/купувачите
- Одговорност, лојалност и огранизираност;
- Способност за брзо учење;
- Развиени комуникациски вештини;
- Способност за тимска/индивидуална работа.
Што нудиме?
- Стабилна работа
- Почетна плата од 61 500 денари и неограничена можност за напредок;
- Полно работно време од 40 часа неделно;
- Одлични услови за работа;
- Можност за континуирана надградба на знаењето.
Сите апликации ќе бидат разгледувани со максимална доверливост.
Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ја доставите Вашата кратка биографија (CV) на македонски јазик со назнака: за работна позиција дипломиран фармацевт на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]