Специјалист за техничка поддршка со германски јазик

Плата од 40.000 ден. до 45.000 ден.

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали знаеш дека работата која подразбира техничка поддршка сè повеќе се смета за динамична професија која нуди бескрајни можности за напредок како на лично така и на професионално ниво? Комуникација со луѓе ширум светот, подобрување на јазичните познавања, стекнување на нови знаења, усовршување на вештини клучни за твојата понатамошна кариера се само дел од нештата во кои ќе можеш да уживаш доколку станеш дел од тимот кој ги прави среќни и задоволни корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании!

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 43.000 денари
  • Можност за договор за вработување после завршување на обуката
  • Целосно платена обука
  • Месечен систем за наградување
  • Бонуси за препораки на пријател
  • Пријатна и динамична работна атмосфера од строгиот центар на градот Скопје
  • Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери

Стани дел од новиот германски тим и усовршувај се себеси додека обезбедуваш пријатно корисничко искуство на безброј корисници ширум светот!

Комуникацијата со корисниците во еден твој работен ден би го вклучувала следново:

  • Одговарање на дојдовни повици и сослушување на барањата и потребите на корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании

  • Обезбедување на професионална техничка поддршка за решавање на одреден технички проблем

  • Давање на насоки и совети за подобрување на услугата која корисниците ја користат или на која се претплатени

  • Проценување на потребите на корисниците и промоција на соодветна понуда која ќе ги задоволи истите

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?

  • Одлично зборуваш германски јазик

  • Имаш одлични комуникациски вештини

  • Сакаш да им помагаш на луѓето околу тебе

  • Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи

  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување

  • Имаш претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба

  • Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект

Зошто токму City Connect?

Доколку се запрашаш „Зошто City Connect“, одговорот е многу едноставен: поради нашата организациска култура. Во City Connect ги ставаме нашите вработени на прво место, се грижиме за нив во секоја смисла на зборот, го слушаме нивниот глас, го поддржуваме нивниот професионален развој и напредок давајќи им еднакви можности. Во City Connect ги промовираме разновидноста и инклузивноста, почитта, лојалноста, довербата и соработката. Стани и ти дел од нашето големо семејство!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »