Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик за работа од дома

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Зборуваш германски јазик и сакаш да работиш од дома? Тогаш можеби ова е совршената работна позиција за тебе! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

 

Што ти нудиме?

- Конкурентна плата од 700 евра
- Работа од понеделник до петок со слободни викенди
- Платена обука
- Опрема за работа од дома
- Можност за професионален напредок и развој
- Секојдневна примена на германскиот јазик и можност за негово усовршување
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух
- Бонуси врз основа на постигнатите перформанси
- Бонуси за препораки за вработување

 

Придружи се на нашето City Connect семејство како специјалист за корисничка поддршка со германски јазик!

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
  • Секојдневно ќе комуницираш на германски јазик со корисниците на услугите кои ги нуди компанијата обидувајќи се да го подобриш нивното корисничко искуство
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот

 

Како знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично окружување
  • Имаш желба за запознавање на различни култури
  • Имаш основни познавања од работа на компјутер

 

Зошто токму City Connect?

Доколку се запрашаш „Зошто City Connect“, одговорот е многу едноставен: поради нашата организациска култура. Во City Connect ги ставаме нашите вработени на прво место, се грижиме за нив во секоја смисла на зборот, го слушаме нивниот глас, го поддржуваме нивниот професионален развој и напредок давајќи им еднакви можности. Во City Connect ги промовираме разновидноста и инклузивноста, почитта, лојалноста, довербата и соработката. Стани и ти дел од нашето големо семејство!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »