Конкурс за ангажирање на правен/-на советник/-чка

Конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за вработување na правен/-на советник/-чка во младинскиот центар „Сакам да знам” во Шуто Оризари, во Скопје, на определено време за периодот од 1 септември до 31 декември 2021 година, со можност за продолжување на работниот ангажман.

Опис на ангажманот:

Ангажираниот/-ната правен/-на советник/-чка ќе биде одговорен/-на за:

  • Документирање случаи на прекршување на човековите права (здравствени, социјални, семејни, репродуктивни права) и дискриминација на претставници/чки на ромската заедница во Шуто Оризари;
  • Нудење бесплатна правна помош на корисниците на услугите во младинскиот центар, жртви на родово засновано насилство и други лица кои ги користат услугите на организацијата;
  • Следење и менторство во работата на сервисот за параправна поддршка во Младинскиот центар „Сакам да знам”;
  • Изготвување и проследување правни акти до надлежните институции;
  • Учество во работни групи, тела и мрежи за промоција и заштита на човековите права во кои учествува организацијата;
  • Изработка на други правни акти во организацијата и учество во подготовка на извештаи за национално или меѓународно застапување.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Дипломиран/-а правник/-чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку едногодишно работно искуство во нудење на правна помош и поддршка
  • Солидни познавање на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права и заштита од дискриминација;
  • Солидни познавања на политики и програми за маргинализирани и ранливи групи граѓани во областите здравство, социјална заштита и образование, вклучително и сексуално и репродуктивно здравје и права;  
  • Основни познавања на Microsoft office;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално- исклучени групи на граѓани.

За предност ќе се смета:

  • Положен правосуден испит;
  • Работно искуство во граѓанскиот сектор;
  • Претходно работно искуство во обезбедување правна помош на маргинализирани заедници, вклучително Роми, жртви/преживеани  на родово засновано насилство.

Ангажманот трае до 31 декември 2021 година и за него е предвиден надомест од 36.000,00 денари месечно, во БРУТО износ, за 25 работни часови неделно.

Најдоцна до 31 август 2021 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • Детална биографија на македонски јазик
  • Писмо за мотивација на македонски јазик
  • Препорака за претходен работен ангажман

Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и e-адреса за контакт.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за правен/-на советник/-чка можете да ги доставите на следниов начин:

Електронски:     [најави се за да го видиш е-маилот]

По пошта:           ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »