
Граве Имоти ДООЕЛ Скопје објавува конкурс за следното работно место:
Хаусмајстор-техничар (машинска или електро струка)
Вашите работни обврски се:
- Контрола на механички и електрични инсталации (котел, пумпи, чилер, осветлување итн.) основно познавање
- Мали електрични поправки (осветлување, прекинувачи, приклучоци, осигурувачи итн.)
- Инсталација и демонтирање на сифони, чешми, одводи и други ситни поправки на водоводни инсталации
- Надзор и активно учество во работењето на надворешните добавувачи и сервисери
- Грижа за животната средина и зелените површини
Доколку ги поседувате следните квалификации:
- Работно искуство во извршување на слични работи на деловни или стамбени објекти
- Основни познавања од машинските инсталации, водовод и електро и искуство со работа со нив
- Самостојна работа на помали поправки и соработка со други колеги
- Основно познавање на завршни работи во градежништвото (керамички, водоводни и електрични инсталации, бојадисување, ГК ѕидови)
- Проактивен и посветен пристап кон работата
- Организација и склоност кон тимска работа
- Доказ за неосудуваност
- Поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
Со работа во Граве Имоти Скопје ќе добиете…
- Договор во реномирана Австриска компанија
- Плата според проактивност и посветеност во работата. Бонус плата секоја година доколку се постигнат зацртаните цели
- Уредно пријавување на плата, годишен одмор, регрес и се останато според законот
- Можност за унапредување и награди за постигнатите резултати
- Можност за континуирано усовршување преку учење на нови знаења и вештини
- Искуство со работа во општествено одговорна компанија
- Корпоративно градење тим и други тимски активности
Испратете ја Вашата професионална биографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]