Менаџер за Б2Б продажба

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го проширува и зајакнува тимот во продажба, и сме во потрага по проактивна, систематична, комуникативна, амбициозна личност, која е ориентирана кон резултати. Бараме колега/колешка чиј фокус (но, не исклучиво) ќе биде сегментот резиденцијална и професионалната климатизација, за позицијата:

МЕНАЏЕР ЗА Б2Б ПРОДАЖБА  

Опис на работни задачи и одговорности:

  • Обезбедува реализација на годишните планови за Б2Б продажба  на сите категории на производи кои му се доделени согласно бизнис планот на компанијата.
  • Гради и одржува силни партнерски односи со компаниите во Б2Б мрежата, со цел за да ги разбере нивните деловни потреби и цели.
  • Согласно договорот за соработка и планот за продажба, ја реализира продажбата на производи кај B2B партнерите.
  • Ја следи B2B продажбата и резултатите од истата согласно усвоените деловни планови и буџетот.
  • Воспоставува и одржува континуирана комуникација со веќе постоечките клиенти во Б2Б мрежата со цел да ги претстави и промовира производите на компанијата во доменот на своите одговорности.
  • Ги анализира и евалуира Б2Б партнерите аспект на трендови на продажба и продажен потенцијал, конкуренција, економска состојба; препорачува промени во продажни програми и потенцијални Б2Б партнери со цел обезбедување на континуитет, одржливост и раст на параметрите на продажба и исполнување на продажните цели во Б2Б областа фокусирајки се на резиденцијална и професионалната климатизација.
  • Ги утврдува потребите и ги проектира нарачките на Б2Б партнерите со посебен фокус на резиденцијална и професионалната климатизација.
  • Развивање на мрежата на Б2Б партнери и учествува со договарање условите за продажба.
  • Обезбедува информации поврзани со развојот на пазарот и конкуренцијата

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Машински факултет, насока термодинамика
  • 3-5 години искуство во Б2Б продажба
  • Пожелно е искуство во продажба на резиденцијална и професионалната климатизација
  • Напредно ниво на работа со компјутер, Microsoft office и познавање на англискиот јазик
  • Високо развиена работна етика, преговарачки и аналитички способности
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување

Доколку сакате да бидете дел од нашиот динамичен, амбициозен и професионален тим, а воедно ги поседувате бараните квалификации, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, најдоцна до 17.02.2024год.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »