Проверувач (аудитор) за различни ISO стандарди

За компанијата: Како организација целосно посветена да им помогне на клиентите да работат кон нивната визија за иднината, имаме квалификуван и професионален тим на ревизори со искуство во областа на сертификација на ISO... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ИНТЕРЦЕРТ врши сертификација на системи за управување и организира обуки за проверувачи за следниве стандарди: ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; OHSAS 18001:2007; ISO 20000-1:2011; ISO 22000:2005; ISO 27001:2013; ISO 50001:2011; ISO 13485; IATF 16949:2016 и др.  

ИНТЕРЦЕРТ е акредитирано сертификациско тело од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Во партнерство со Полскиот центар за сертификација (PCC-CERT), акредитирано сертификациско тело од страна на Полскиот институт за акредитација (PCA) нудимe меѓународно признати акредитирани сертификати.

ИНТЕРЦЕРТ врши сертификација на приватни компаниии, државни и јавни институции. Заедно со нашите партнери имаме сертифицирано преку 50 организации во Македонија од различни индустрии како: банкарство, ИТ, градежништво и градежни материјали, рударство, електроника и електрика, прехрамбена индустрија, јавна администрација, здравство, електронски медиуми итн. Располагаме со квалификуван и професионален тим на проверувачи со долгогодишно искуство од областа на сертификација согласно ISO стандардите, меѓу кои има и членови на техничкиот комитет на ИСРМ.

Заради зголемен обем на работа, Интерцерт има потреба од проверувачи од следниве струки, градежни, рударско-геолошки, хемиски, машински или електро инженери.

Одговорности:

  • Спроведување на екстерни проверки и/или
  • Држење на обуки

Потребни квалификации:

  • Меѓународно акредитиран сертификат за водечки проверувачи согласно ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001, ISO 50001 или др.
  • Искуство во вршење на проверки на системи за управување и/или искуство во држење на обуки за ИСО стандарди (пожелно повеќе од тригодишно)
  • ВСС (градежен, рударско-геолошки, хемиски, машински или електро факултет)
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутер (MS Office)
  • Возачка дозвола Б-категорија

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да ја испратат својата професионална биографија (CV) со назнака “Проверувач за ISO стандарди“ на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »