Account Manager

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по Account Manager.

Опис на работно место:

  • Главен одговорен за комуникација и координација на сите активности со клиентот

  • Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии во поглед на маркетинг активностите на клиентот, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација (вклучително и дигиталните канали)

  • Учество во подготовка на маркетинг кампањи, вклучувајќи координација на потребните активности за реализација на секој таск помеѓу клиентот и интерните тимови (Креатива, Продукција, Дигитал), како и подготовка на финансиски понуди

  • Комуникација со екстерни добавувачи за потребите на реализација на некоја од активностите на клиентот

  • Координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи, како и на остварените резултати од истите

Потребни вештини:

  • Одлични комуникациски вештини

  • Одлични организациски вештини и раководење со време

  • Одговорна и исполнителна личност

  • Тимски играч

  • Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности

  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет

  • Познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google

  • Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција, пожелно минимум 2 години

Што нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера

  • Работа во тим, со поддршка и менторство од поискусни колеги

  • Можност за учење и напредок во областа на маркетинг

Рок за аплицирање: 20.12.2021г

Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »