Инженер за софтвер за инструмент табли

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

 

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Во одделот за истражување, равој и тестирање на електрични компоненти и системи на автобуси, компанијата има потреба од софтвер-инженер.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ИНЖЕНЕР ЗА СОФТВЕР ЗА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Развој на embedded софтвер за целосно дигитални иснтрумент табли
  • Анализа на потребите за тестирање и тест спецификации во соработка со тест инженерите
  • Работа во Agile/SCRUM тимови за развој на софтвер според V-моделот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Магистрирал, дипломирал, или стекнал еквивалентно работно искуство во областа на   развој на софтвер  по можност во автомобилската индустрија
  • Искуство во апликативно програмирање за embedded системи со употреба моделно базиран дизајн (Simulink), или со PLC тип на јазици (logi.cad).
  • Познавање на CAN, CAN протоколите (J1939, UDS, XCP), и CAN алатки (Vector canalyser, Canoe,…)
  • Искуство во работење во Agile средина (SCRUM)
  • Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
  • Темелно познавање на општа електроника, електроника за возила како и тестирање на софтвер
  • Способен да комуницира течно на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)

Ќе се смета за предност доколку апликантите:

  • завршиле студии на ФЕИТ на смеровите КХИЕ или КСИАР
  • имаат искуство со embedded софтвер за апликација на возила
  • имаат практично познавање на Automotive Spice, развој на V-модел, ISO26262
  • имаат искуство во HIL/SIL тестирање

ШТО НУДИМЕ:

  • проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
  • разновидна работа и предизвикувачки проекти
  • можности за обука и раст во рамките на организацијата
  • да бидете дел од динамичен тим каде што се ценат индивидуалните иницијативи
  • работа во реномирана меѓународна компанија
  • рабоно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно
  • организирана исхрана и превоз

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 28.07.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »