КОНКУРС
Регионален менаџер за продажба (м/ж)
1 извршител
Место на работа: Скопје/Македонија
Лукена Автоделови Македонија е членка на компанија која во индустријата на авто делови застапува многу светски брендови на пазарот во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Долгогодишното искуство и квалитетната соработка со добавувачите ни овозможија константен пораст во обемот на работење и конкурентност на пазарот. Во состав на компанијата, како продажни канали, се развиени мрежа на малопродажни објекти и теренска продажба. Проширувањето на нашето работење на пазарот во Македонија ни овозможи да го прошируваме нашиот тим и да ги развиваме кариерите на нашите колеги. Во оваа прилика бараме
Регионален менаџер за продажба
Ако сте креативна личност која ќе преговара за нашата компанија со купувачите користејќи вештини и способност на преговарање и имаш развиена способност во јасно и убедливо изразување на идеи, планови и предлози, пријави се!
За извршување на оваа работа потребна е самоиницијативност, систематичност и способност за рационално организирање на расположивото време и склоност за тимска работа
Опис на работата:
- Креирање на планови за продажба
- Учество во креирање на стратегија за реализација на плановите за продажба
- Редовна обиколка на купувачите и испитување на актуелните потреби
- Воспоставување на соработка со новите купувачи
- Одржување и унапредување на односи со купувачите
- Планирање на активности за нареден период
- Доделување на дополнителни стимулации на купувчите во склад со Политиката на продажба
- Управување со трошоците (буџетот) за кој е задолжен
- Учество во креирање на Политиката на продажба
- Учество и креирање на стратегија за пласирање на нови производи/група на роба/брендови
- Анализа на остварени резултати во претходниот период
- Анализа на пазарот и конкуренција
- Интензивна соработка со колегите од продажниот тим
- Организација на едукација на купувачите
- Креирање на извештаи и известување на менаџментот
Стручна спрема и искуство кое очеукуваме да го имаш:
- 5 години искуство на исти или слични работи
- Умереност, сталоженост и ориентираност на решавање на проблеми
- Искуство во авто индустријата не е задолжително
- Ориентираност во достигнување на планови, цели и резултати
- Добра организираност во работата
- Спремност на учење и дополнително усовршување
- Познавање на вештини на презентација, комуникација и преговарање
- Познавање и користење на ниво на самосталност на програмите MS Office (Word, Excel, Power point)
Твои карактеристики:
- Добра организираност и проактивен пристап низ подготовките за работа
- Спремност да реагираш во момент и преземaш одговорност за областа од своето работење
- Воочуваш недостатоци и предложуваш подобрување на местата каде што е потребно
- Лесно и со задоволство комуницираш со разчични личности затоа што сакаш луѓе
- Ориентиран/а си на постигнување на цели и резултати мислејќи на позитивните резултати
- Со задоволство патуваш на разни локации и среќаваш различни личности
- Повеќе сакаш конкретна комуникација и прецизно изразување при издавање и примање на задачи
- Усмерен/а си кон извршување на задачите во зададените рокови
- Имаш трпение повремено да пишуваш извештаи и го разбираш значењето на давање повратни информации
- Посветен/а си на постепените унапредувања во работењето
- Имаш желба и потреба за остварување на резултати
- Секоја активност и договор со клиентите ги спроведеш и реализираш до крај
Што нудиме:
- Работа во растечка индустрија со раст на продажба и број на клиенти
- Работа во една од водечките компании од областа на авто делови
- Дополнителни награди на основ на остварените резултати
- Обуки и едукација за развој на твојата кариера
- Поддршка од префесионалци кои го пратат и помагаат развојот на компанијата
- Пријатно и неформално опкружување со личности кои ќе ја почитуваат Вашата работа
- Проактивна средина која овозможува индивидуален развој и самостојност во работењето
Статуст на работното место:
Почеток:
- Веднаш по завршување на конкурсот
Каков процес на селекција можеш да очекуваш:
- Три круга интервју од кои првите два ќе бидат ден за ден
- Тестирање на компетенција за кандидатите кои ќе го поминат вториот круг
- Финален круг со сопственикот на компанијата најкасно 10 дена по првиот круг
Доколку се препознаеш и сакаш да работиш во опкружување каде имаш можност за напредок и доколку имаш желба да се вработиш во компанија, која се одликува со современ и професионален пристап, тогаш ти си вистинската личност за нашиот тим. Заинтересираните кандидати своето CV за конкурс можат да го проследат на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Конкурсот е отворен до 15.10.2019
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју и ќе бидат информирани за конечните резултати од конкурсот.