Шеф на техничка служба

За компанијата: Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа. повеќе за компанијата »

Asura Group е независен регионален лидер во давање услуги на одржување на објекти. На пазарот во Македонија работиме повеќе од 12 години. Во моментот бараме личност со тимски дух и со искуство во надзор, контрола и управување со одел на техничко одржување.

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • раководи (планира, организира, води, контролира) со работата на оделот за техничко одржување                          
  • одговорен за насочување на работните задачи на вработените, известување, постигнување на планираните цели, контрола на трошоци                    
  • учествува во креирање на потребите, одбирање и набавки на материјали за работа како и алати и средства работа           
  • организира и контролира работи поврзани со одржување на електричнa опрема, инсталации и системи во склопот на објектот                          
  • превзема и со тимот на електричари и хаусмајстори спроведува превентивни мерки на одржување на објектот и планира тековно одржување и редовни сервиси на машини и опрема                                    
  • редовно контролира и ја оптимизира потрошувачката на енергенсите и потрошните материјали              
  • контолира и прави потребни интервенции на електричните уреди и инсталации во склад со прописите и упатствата на производителите                      
  • обезбедува висок степен на правовремено и квалитетно отклонување на грешките во работата на надгледуваните системи    
  • елиминирање на недостатоци – идентификувани при секојдневен надзор или на било кој друг начин.
  • учество во планирањето на безбедноста како и во тековната контрола на безбедноста при работа
  • ги обучува вработените во оделот, врши евалуација на нивната работа
  • носител е на процедурата за одржување на опремата и инсталациите и одговорен за нејзиното правилно спроведување
  • ќе се смета за предност предходно искуство на работно место одржување на техничка опрема во трговски центар или сл
  • други должности по наредба на Работодавачот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • минимално средна стручна спрема од електро насока, високо образование се смета за предност при вработување и влијае на висината на платата
  • за предност се смета познавање на основи на БМС
  • најмалку 5 години работно искуство на иста или слична работна позиција  
  • понавање на МЦ Офис    
  • добри организациски способности, одговорност, проактивност, носење на одлуки 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »