Референт за набавка

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.

Поради зголемен обем на работа DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

  • Референт за набавка

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Со претходно работно искуство на иста или слична позиција (пожелно во хотел или ресторан)
  • Со добро познавање на англиски јазик и работа на компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни задачи:

  • Изготвување на дневни, неделни и месечни списоци за набавка во координација со другите оддели и соодветно на бизнис потребите и работењето на Хотелот
  • Комуникација со добавувачи во врска со направени нарачки
  • Следење на нарачки
  • Прием на роба

Посакувани способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Способност за тимска работа

Работното време изнесува 40 часа од 9 до 17 часот секој работен ден.

Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатот.

Аплицирајте на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само оние кандидати кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »