Графички дизајнер

За компанијата: Контура е студио за графички дизајн, кое нуди целосна услуга во областа на: креативниот дизајн, високо квалитетното печатење и професионалната доработка на производите. Создаваме креативни решенија за клиенти од широк опсег на индустрии и деловни субјекти. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2021
  • Контура
  • Активен до 30.04.2021
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +389(0)26146059
  • Веб: www.kontura.mk

(преземи го огласот како PDF)

Сакаш да комбинираш слики, зборови и илустрации за да ги пренесеш твоите идеи? Лесно се изразуваш визуелно?

Бараме ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР кој е подготвен за нови предизвици и искуства, каде ќе може да го примени своето знаење и да учествува во создавање креативни визуелни решенија за различни медиуми.

Вештини и способности:

  • Искуство во работата и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Acrobat
  • Познавање на Microsoft Office
  • Професионален и позитивен однос
  • Креативност и само-иницијатива
  • Око за детали
  • Навременост и почитување на рокови
  • Флексибилност, подготвеност за самостојна работа и работа во тим, согласно поставените цели
  • Способност за работење на повеќе задачи истовремено 
  • Желба за учење и надградување на знаењето

Одговорностите вклучуваат:

  • Развој на комплетни креативни визуелни решенија за различни медиуми (онлајн и офлајн)
  • Подготовка на материјали за печатење
  • Комуникација и дневна координација со други сектори
  • Комуникација со клиенти
  • Следење на новите трендови во креативната индустрија

Зошто Контура?

  • Пријатна атмосфера за работа
  • Отворена комуникација и фер фидбек
  • Стабилност на работата и можност за раст

Ние ги цениме луѓето и сакаме да растете со нас. Да се работи со нас значи работење во динамична средина со млад и амбициозен тим каде што процесот на учење никогаш не запира.

Аплицирај за позицијата ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР. Испрати го твоето CV и портфолио на [најави се за да го видиш е-маилот] со напомена за графички дизајнер, најдоцна до 30.04.2021.
 

Познаваш некој кој одговара на описот?
Извести го за нашата отворена работна позиција.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »