Помлад специјалист за тутунов лист

(преземи го огласот во Word)

Реномираната интернационална компанија Сокотаб ДООЕЛ Битола, дел од Сокотаб групацијата, лидер на светскиот пазар за откуп и преработка на ориентален тутун, бара високо мотивирани личности кои одговараат на описот за следната позиција:

 

ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТУТУНОВ ЛИСТ

Број на извршители: 4 (четири)

 

Улога

Носителот на оваа работна позиција ќе биде вклучен во активностите поврзани со агрономија, откуп и преработка на ориентален тутун. Позицијата ја следи имплементацијата на разни програми и превзема други активности кои се во врска со производниот циклус на тутунот. Работата се изведува на терен, во регионите каде што компанијата има свои активности и/или во фабриката.

 

Главните одговорности на позицијата вклучуваат:

  • Спроведување на програмите на компанијата
  • Следење на реколтата во однос на нејзиниот напредок
  • Договарање, земање на мостри, откуп, прием, шифрирање и преработка на тутун
  • Припрема на извештаи

 

Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Минимум завршено средно земјоделско училиште (фармерско производство, агроменаџмент, земјоделски техники, производство на тутун и сл.)
  • Лиценца за проценител на тутун
  • Практично искуство и познавање на тутун
  • Задоволително ниво на компјутерски вештини
  • Задоволително ниво на познавање на англискиот јазик
  • Возачка дозвола
  • Работно искуство во тутунското производство или во тутунскиот бизнис би се сметало за предност.

 

Договорни услови:

  • Договор на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување
  • Работно време: полно, 40 часа неделно, понеделник-петок

 

Доколку сте заинтересирани, го поседувате знаењето, сте тимски играч кој се карактиризира со добри меѓучовечки способности и комуникациски вештини, можеби сте кандидатот што го бараме. Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивационо писмо), најдоцна до 30 март 2018г. на следната адреса:

 

Сокотаб ДООЕЛ Битола

Оддел за човечки ресурси

с. Драгожани, 7000 Битола

 

Со назнака: Помлад Специјалист за тутунов лист или на e-mail  адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Вашата апликација треба да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна докумантација (копии од документите за потврда на наведеното образование, лиценца, возачка, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.

Сокотаб ДООЕЛ Битола го задржува правото да изврши избор по сопствен наод и мислење, во законски предвидениот рок 45/90/120 дена. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат понатаму контактирани.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сокотаб ДООЕЛ Битола, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »