Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.
„Деница“ е организирана со:
1. Целосно опремени офталмолошки ординации;
2. Кабинет за припрема на пациенти за преглед;
3. Кабинет за функционална дијагностика;
4. Кабинет за ултразвук и ласер терапија;
5. Кабинет за OCT (Окуларна кохерентна томографија);
6. Кабинет за флуоресцеинска ангиографија и флуоресцеинска автофлуересценција;
7. Посебен оперативен блок комплетно опременa оперативнa салa, како и
8. Дневна болница.
„Деница“ располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.
Оглас за работна позиција: Медицинска сестра
- ПЗУ Специјална очна болница Деница има потреба од вработување на Медицинска сестра.
- Кандидатите мора да имаат положено стручен испит.
- Канидатот може, но и не мора да има искуство во областа.
ПЗУ Специјална очна болница Деница нуди одлична работна средина, и конкурентна месечна плата.
Слични огласи »