ТИГ (Аргон) Заварувач

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ТИГ (Аргон) Заварувач

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием на налог и технички цртеж за работа;
  • Поставување на параметри за заварување во зависност од налогот;
  • Разликување постапки на заварување во зависност од материјалите;
  • Читање и анализирање симболи на заварени врски;
  • Заварување разни завари на разнородни, истородни и обоени метали и алуминиум.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум средно образование;
  • Познавање на читање на технички цртеж;
  • Познавање на постапка за заварување;
  • Работно искуство во TIG -заварување минимум  3 год.;
  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати;
  • Способност за работа во тим;
  • Позитивен став;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • Работа во полно работно време (работа во смени, 06:00-14:00 и 14:00-22:00)
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
  • Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина;
  • Можност за мултинационално – препознаено професионално и континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси во светот.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »