Советник за продажба на осигурување на живот

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје објавува оглас за

Советник за продажба на осигурување на живот (во седиштето на Друштвото во Скопје)

Работни задачи и одговорности:

  • Реализација на планот на продажба преку посета на клиенти, склучување и продажба на осигурување на живот;
  • Стручно усовршување, посета на обуки за дополнување на знаењето во земјата и странство;
  • Обновување и зголемување на сопственото портфолио на осигурување;
  • Грижа за сигурна иднина и живот со насмевка.

Очекуваме:

  • Високо или средно образование од економска или сродна област;
  • Возачка дозвола Б категорија и поседување сопствено возило е задолжително;
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
  • Познавање на српски/хрватски јазик;
  • Амбициозност и желба за учење;
  • Самоиницијативност, проактивност, одговорност и насоченост кон остварување на продажни резултати.

Платата за полно работно време за оваа позиција се состои од основна нето плата која изнесува 17.000,00 денари и варијабилен дел од плата врз основа на работната успешност за реализација на поставените цели..

Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на подолу наведената адреса или на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] не подоцна од 10.09.2019 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидат ќе заврши најдоцна до 04.10.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »