Градежен техничар

Градежна компанија Дан-Мак е успешно присутна на македонски пазар од 2006 година. Претежна дејност на компанијата – реализација на инвестициони проекти во изградба на станбени згради. Дејност на компанијата има важно социјално значење и поради тоа една од основни задачи на нашиот колектив е социјална одговорност пред општество, која пред се, се сведува на стриктно почитување на сите градежни норми и стандарди и сите норми за заштита на животна средина, што заедно обезбедува високо ниво на безбедно живеење. 

Ве покануваме да се придружите на нашиот тим.

Имаме потреба од следна работна позиција, на полно работно време:

ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР

Квалификации:

  • Сооодветно средно образование,
  • Работно искуство во градежништво најмалку 3 години
  • Напредно познавање на MS Office (напредно користење на MS Excel)

Способности и вештини:

  • Посветеност на работа
  • Уредност, одговорност и прецизност
  • Добри познавања од градежна сфера
  • Познавање на законодавство во сфера на градежништво или спремност за запознавање на законодавството
  • Почитување на рокови
  • Самоиницијативност и способност да се работи самостојно и во тим

Работни обврски:

  • одредување на термини и услови за изградба;
  • планирање на процедурите на градба и извршување на припрема за градба;
  • набавка и проверка на квалитет и количини на градежни материјали;
  • организирање и координирање на материјалните и човечките ресурси;
  • преглед и инспекција на напредокот на работата на објектите со нивно редовно обиколување;
  • надгледување на опремата на градилиштето и обезбедување соодветни и безбедни услови за работа;
  • учествување на теренски и лабораториски испитувања на градежни материјали, производи и конструкции;
  • надзор на градилиштето, координирање и усогласување на работата според градежни проекти;
  • комуникација со клиенти во врска со недвижности и градежно-технички прашања;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на работници.

Ние нудиме:

  • Месечни примања, соодветни на пазарот на труд во државата
  • Работа од Понеделник до Петок од 08.00 до 16.00
  • Работа во добар колектив
  • Можност за професионален раст.

Доколку сте заинтересирани за работа во здрава работна средина со професионален тим на ДГИИ Дан-Мак ДООЕЛ, испратете го вашето CV најдоцна до 15.10.2021 г. со назнака „Градежен техничар“ на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »