Сервис координатор

СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:

СЕРВИС КООРДИНАТОР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ВСС ИЛИ ССС
  • Пожелно е претходно работно искуство во сервис, на раководна позиција
  • Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорност, систематичност и организираност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
  • Способност за работа со временски рокови

Одговорности и работни задачи:

  • Доделување, следење и контрола и затварање на сервисни налози
  • Администрација на сервисните налози во компанискиот систем
  • Администрација на сервисните налози во системот на производителите
  • Собирање и складирање на сите информации за сервисни налози (од терен и работилница)
  • Исполнување на роковите (законски и перформанс) на сервисните налози
  • Креирање на нарачки и приеми за резервни делови
  • Задолжување на резервни делови, налозите и сервисерите
  • Креирање на фактури и други финансиски документи врзани со сервисните налози и нарачките за резервни делови
  • Одржување активна комуникација со сервисерите
  • Одржување активна комуникација со производителите
  • Креирање на месечни, квартални и годишни извештаи
  • Давање техничка поддршка на сервисерите (споделување на знаење и информации од производителите)
  • Активно и континуирано надградување на техничкото знаење (булетини, сервисни упатства, работилници, тренинзи)

 Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука
  • Работно време: 08:00 – 16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 09.01.2025

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »