Дистрибутер - Куманово/Струга/Охрид/Кичево/Скопје

(преземи го огласот како слика)

http://www.trokaderofm.com/

Станете дел од Тимот на Trokaderofm International!

Нашите вработени се основата на нашиот успех!

Ние сме брзо-растечка компанија за производство и дистрибуција на брзо-ротирачки производи во категориите Храна, Хемија, и Пијалоци, присутни во 24 држави во светот. Нашата цел е да привлечеме кандидати со потенцијал за професионален раст, кои ја делат визијата на нашата компанија и се подготвени да придонесат за нејзиниот понатамошен развој. Во потрага сме по и вработуваме личности кои се стремат да постигнат одлични резултати на секое поле.

Инвестираме во нашите вработени и создаваме средина во којашто секој се чувствува како дел од едно големо семејство.

Доколку би сакале да работите посветено и воедно да учите нови работи, подготвени сме да Ви ја понудиме таа можност.

ОБЈАВА ЗА РАБОТНО МЕСТО КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА БИТОЛА И ПРИЛЕП (1 ПОЗИЦИЈА)

Потребни квалификации:

  • ВСС / ССС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Отвореност за успешно воспоставување на односи со клиенти и секојдневна комуникација со нив
  • Познавање на албански и/или англиски јазик ќе се смета за предност

Опис на општите цели, задачи и одговорности:

  • Секојдневна комуникација и градење односи со постоечки и потенцијални нови купувачи (динамична и ведра личност со ефективни комуникациски вештини)
  • Имплементација на задачи со цел остварување на зададените цели (следење на залихи кај купувачите, реализација на нарачки/продажба, број активни продажни места, број нови клиенти, наплата, итн.)
  • Презентација на нови производи на купувачите
  • Позиционирање на производите според зададени трговски стандарди
  • Комуникација со клиентите за спроведување на различни трговски активности (промоции, рабати, итн.), следење на активностите, и известување за резултатите
  • Анализа на параметрите на продажбата, подготовка на извештаи и презентации за реализираните активности на пазарот
  • Следење на конкуренцијата и подготовка на кратки извештаи за нивните активности на пазарот
  • Работа со различен тип на документи (испратници, фактури, договори со клиенти)

Начин на аплицирање:

Испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “За комерцијалист – унапредувач на пазарот за Струга, Охрид, Кичево, Скопје, Куманово

Забелешка:

  • Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат зачувани и користени од страна на компанијата во рок од 1 (една) година
  • Единствено апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
  • Работното време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до сабота (вклучително)

ОБЈАВА ЗА РАБОТНО МЕСТО КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА КУМАНОВО (1 ПОЗИЦИЈА)

Потребни квалификации:

  • ВСС / ССС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Отвореност за успешно воспоставување на односи со клиенти и секојдневна комуникација со нив
  • Познавање на албански и/или англиски јазик ќе се смета за предност

Опис на општите цели, задачи и одговорности:

  • Секојдневна комуникација и градење односи со постоечки и потенцијални нови купувачи (динамична и ведра личност со ефективни комуникациски вештини)
  • Имплементација на задачи со цел остварување на зададените цели (следење на залихи кај купувачите, реализација на нарачки/продажба, број активни продажни места, број нови клиенти, наплата, итн.)
  • Презентација на нови производи на купувачите
  • Позиционирање на производите според зададени трговски стандарди
  • Комуникација со клиентите за спроведување на различни трговски активности (промоции, рабати, итн.), следење на активностите, и известување за резултатите
  • Анализа на параметрите на продажбата, подготовка на извештаи и презентации за реализираните активности на пазарот
  • Следење на конкуренцијата и подготовка на кратки извештаи за нивните активности на пазарот
  • Работа со различен тип на документи (испратници, фактури, договори со клиенти)

Начин на аплицирање:

Испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “За комерцијалист – унапредувач на пазарот за КУМАНОВО

Забелешка:

  • Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат зачувани и користени од страна на компанијата во рок од 1 (една) година
  • Единствено апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
  • Работното време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до сабота (вклучително)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »