Одговорно лице во маркет на бензинска пумпа - Гевгелија

За компанијата: Gulf е основан во далечната 1901 година, но и по 118 години, сеуште сме иновативна и напредна компанија. Всушност, ние сме најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила, а во моментов работиме во повеќе од 100 земји ширум светот. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 12 месеци
  • Gulf Oil Македонија
  • Активен до 17.05.2023
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Гевгелија
  • Веб: gulf.com.mk

Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ВО МАРКЕТ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА – Гевгелија

Основни одговорности и задачи:

  • Врши прием на артикли во маркетот;
  • Предава дневен промет според извештајот од смени;
  • Издава фискални сметки за странки и сметкопотврди;
  • Ја следи состојбата со артиклите во маркетот и врши нарачка на истите од добавувачите;
  • Го проверува рокот на траење на артиклите, ги известува добавувачите за враќање и изготвува повратници, доколку не се враќаат, врши расход на робата со изминат рок;
  • Во согласност со распоредот на работа врши продажба на горива и артикли во маркетот на бензинската пумпа;
  • Врши тековен попис и контрола на артиклите во маркетот, врши периодичен и конечен годишен попис на артиклите;

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност;
  • Располагање со комуникациски вештини и љубезност
  • Познавање на работа со компјутери и софтверски програми

Личен профил:

  • Одговорна и организирана личност;
  • Лојалност и професионален пристап кон работата;
  • Иницијативност и посветеност;
  • Колегијалност и работа во тим.

НАПОМЕНА: Работните задачи ќе се извршуваат на Бензинската Пумпа во Гевгелија.

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Одговорно лице во маркет на бензинска пумпа - Гевгелија на нашата е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот] или користејќи го полето за брза апликација.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »