Туристички агент за корисничка поддршка со германски јазик (м/ж)

Плата од 50.000 ден. до 55.000 ден.

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Откриј го светот каде туризмот допира нова димензија на услуги во која посветени тимови подготвено и ефикасно нудат корисничка поддршка на безброј патници ширум светот. Доколку зборуваш германски и истовремено негуваш интерес кон туризмот како гранка, тогаш го имаме совршениот спој за тебе! Придружи се на нашето патување околу светот, каде што секој нов работен ден е нова авантура!

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата: почнувајќи од 53.200 денари;
  • Бонус за добредојде од 15.300 денари;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Можност за работа на скратено работно време по успешно совладување на 4 неделната обука;
  • Модерни канцеларии во центарот на Скопје или Тетово: чувствувај се како дома додека работиш;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Туристички агент за корисничка поддршка со германски јазик!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик како туристички агент за корисничка поддршка;
  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со туристички понуди и резервации;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудите и тековните резервации;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;

Што бараме?

  • Германски гуру: задолжително течно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
  • Покрај германскиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (на основно ниво);
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;

Како изгледа животот во Transcom?

Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/bptynlwfl4 

Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »