Медицински претставник за продажба (Medical Sales representative)

За компанијата: Би-МЕК ДОО, медицинска компанија за здравствени техологии е ексклузивен дистрибутер за многу светски познати и реномирани производители на медицинска опрема. Ние сме специјализирани за продажба, дистрибуција,... повеќе за компанијата »

Би-МЕК ДОО,  компанија за здравствени технологии, е авторизиран  дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема: Philips, Pentax Medical, Varian, BD Alaris, Trumpf Medical, Hologic, Medela, Schiller и други.

Ако имате искуство во здравствениот сектор и Вашите предности вклучуваат одлични организациски  и продажни вештини, вие сте потенцијалот за проширување на брзорастечкиот продажен тим во Би-МЕК . Во потрага сме на мотивирани личности кои би имале одговорности како:                                                                           

Медицински претставник за продажба (Medical Sales representative)

Потребни квалификации:

Завршено високо образование: електро инженер, доктор, фармацевт, стоматолог, биолог , биотехнолог;
Работно искуство како медицински претставник или слично искуство со медицинска опрема ќе се смета за предност;
Силни продажни и комуникациски вештини;
Способност за тимска работа и работа со рокови;
Проактивни, креативни, динамични, амбициозни ;
Подготвеност за работа на терен на територијата на Р. Македонија;
Валидна возачка дозвола;
Одлично познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма) ;
Компјутерска писменост (MS Office, Windows) ;

Опис на работни задачи:

Подготовка на план и стратегија за зголемување на продажбата на медицинска опрема;
Работа со клиенти, продажба на медицинска опрема;
Менаџирање на клиенти (изработка на понуди, изработка на фактури, следење на наплата и сл.)
Комуникација и преговори со производители на медицинска опрема
Идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
Секојдневна посета и остварување контакти со здравствени работници со цел промоција и презентација на медицинските брендови кои компанијата ги застапува

Еден од главните приоритети на Би-МЕК е определбата да се има високо квалификуван и високомотивиран тим и пријатна и продуктивна атмосфера каде секој е одговорен за своите должности со цел да ги задоволи потребите на клиентите и политиката  на компанијата. Би-МЕК, континуирано инвестира во едукација и обука на својот тим преку организирање на разни работилници и тренинг сесии насочени кон континуирано подобрување.

Ако сметате дека :

Вие сте тимски играч со искуство во здравствениот сектор
Сакате работа во динамична средина
Поседувате организациски, продажни и преговарачки способности

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција! Со приклучување кон нашиот брзо растечки и просперитетен тим, ќе имате одлична можност за понатамошен личен раст и развој на кариерата. Ние нудиме можност да работиме на меѓународни проекти и да бидеме дел на меѓународни тимови со можности за обука, конкурентна плата и флексибилно работно време.

Заинтересираните потребно е да достават резиме (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки(доколку имате)  најдоцна до 03.08.2021, на следната е-маил адреса:   [најави се за да го видиш е-маилот]     со назнака на позицијата

НАПОМЕНА:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »