
Плата од 25.000 ден. до 60.000 ден.
За компанијата: Компанијата Креавива е веледрогерија која се занимава со увоз и дистрибуција на стоматолошки материјали. Компанијата е официјален дистрибутер за Македонија и Албанија Швајцарскиот бренд Ihde Dental AG....
повеќе за компанијата »Позиција:
Медицински претставник
Потребни квалификации:
- Завршено ВСС – доктор по стоматологија;
- Искуство на иста позиција не е задолжително, но ќе се смета како предност;
- Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачи;
- Одлично познавање и непречена комуникација на Англиски и Албански ќе се смета како предност;
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија);
- Одлични организациски способности и вештини на планирање;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
Личен профил:
- Желба за работа и продажба
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Проактивност и иницијативност
- Подготвеност за патување во Македонија и соседните земји
- Посветеност на работата и реализација на зададените цели
- Лојалност, комуникативност и позитивен став кон работата
Одговорности и задачи:
- Понуда, промоција и презентација на стоматолошки производи од реномирани производители;
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и стоматолошки работници;
- Учество и организација на семинари за обука и останати стручни собири;
- Редовни извештаи;
- Прием, организација и дистрибуција на стоматолошките средства;
- Следење на залихата на производи и учество во процесот на нарачки.
Ние нудиме:
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Конкурентна плата;
- Динамична работа во канцеларија и на терен од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок;
- Бонуси за надреализација во продажба.
Дополнително:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.