Итек Системс Дооел лого

Електроинсталер / Елекртотрхничар со или без искуство

За компанијата: Фирмата ИТЕК СИСТЕМС е основана во 2003 година и е активна на македонскиот пазар во своите овластувања, давање услуги и проектирање. Нудиме широка палета на системи за безбедност, решенија прилагодени на потребите на клиентите како и професионалност во изведбата и одржувањето на системите. повеќе за компанијата »

Локација на извршување на работите: Скопје и околина на Скопје

👉 Обезбеден превоз од-до Скопје, Куманово и Свети Николе

Компанија: Итек Системс Дооел

Тип на работен однос: Постојано

Дали сте искусен електротехничар? Барате стабилност и професионален раст во успешна компанија, дојдете и придружете ни се уште денес! 

Компанијата Итек Системс бара одговорна и посветена личност со искуство да се приклучи на нашиот тим како електроинсталатер / електротехничар.

Бидејќи зад секоја успешна компанија стои силен тим посветен на потребите и барањата на клиентите, заедно работиме кон постигнување на целите и заеднички ги прославуваме успесите.

Кои се вашите одговорности:

  • Инсталација и одржување на електрични системи во различни типови објекти (станбени, деловни и индустриски)
  • Брза и ефикасна детекција и отстранување на дефекти
  • Почитување на безбедносните стандарди и процедури во сите фази од работата
  • Читање и работа според електрични шеми и техничка документација
  • Монтажа и поврзување на електрични ормари, осветлување и електрична опрема
  • Соработка со тимот за навремено и квалитетно извршување на проектите
  • Одржување на работната опрема и грижа за уредноста на работното

Што бараме:

  • ССС во областа на електротехниката (ќе се смета за предност)
  • Работно искуство на слична позиција минимум 2 години – за кандидати со претходно искуство
  • Познавање на електрични инсталации, алати и електрична опрема
  • Способност за читање на електрични шеми и техничка документација
  • Одговорност, прецизност и посветеност во работата
  • Тимски дух и добра комуникација со колегите
  • Желба за учење, усовршување и професионален развој
  • Способност за самостојно и организирано извршување на работните задачи
  • Возачка дозвола категорија Б (ќе се смета за предност)
  • Подготвеност за работа на терен и почитување на безбедносните стандарди

Што нудиме:

  • Редовни месечни примања и навремена исплата на К-15, со дополнителни бонуси на крајот на годината
  • Плата во постојан раст и можност за наградување според резултати
  • Бонуси за успешно завршени проекти
  • 24/7 дополнително колективно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз од местото на живеење
  • Сигурно работно место со долгорочни планови и договори
  • Континуирани обуки и тренинзи со можност за кариерен напредок
  • Фиксно работно време во прва смена
  • Подарок за роденден, свадба, принова
  • Велигденски бонуси
  • Компанијата организира и целосно покрива team building активности

Како да аплицирате?

Испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на тел.02/2776567

Не чекајте – станете дел од нашето успешено и растечко тимско семејство!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »