За компанијата: БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана...
повеќе за компанијата »BATO & DIVAJN Graphic Center водечката компанија во графичката индустрија, го проширува својот тим со проактивни и амбициозни лица за следната работна позиција
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој
Потребни квалификации:
- Завршено релевантно високо образование;
- Задолжително претходно работно искуство од мин 3 години на иста или слична работна позиција во сегментот на B2B продажба на (индустриски) печатени материјали, следење, организирање и координирање на процесот од нарачка преку производство до испорака на печатени материјали;
- Претходно практично искуство во анализа на барањата за понуди за печатени материјали, изработка на калкулации и доставување на понуди;
- Претходно практично искуство во дневна координација на производниот процес, следење на статус на производство, планирани испораки, состојба на технички ресурси, репро материјали и алати;
- Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), (познавање на друг ЕУ странски јазик ќе се смета за предност – германски, холандски и/или француски )
- Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point);
- Високо развиени комуникациски, организациски, преговарачки и презентациски способности;
- Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети за продажба;
- Лична и професионална ефективност во реализација на повеќе истовремени работни задачи;
- Подготвеност за патувања во и вон државата;
- Возачка дозвола Б категорија.
- Флексибилност и подготвеност за работа во тим.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) и скорешна фотографија со наведување на позицијата за која аплицираат, најдоцна до 06.06.2019 год. на:
Графички центар БАТО & ДИВАЈН
ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје,
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.batodivajn.com
* Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе бидат повикани на селекциско интервју
Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.