Инженер за техничка поддршка на ИТ системи_Март 2021

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  1. Висока стручна подготовка- диплома од Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
  2. Возачка дозвола (Б категорија)
  3. Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  4. Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
  5. Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
  6. Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
  7. Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на

e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или по пошта на следнава адреса:

Smart Solutions

бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1

1000 Скопје

Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.

Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »