Аналитичар во микробиолошка лабораторија

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

Аналитичар во микробиолошка лабораторија – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • ВСС (додипломски/постдипломски студии) - Биолог, Микробиолог, Биохемичар, Дипл. лабораториски биоинженер
  • Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски, особено за можниот биохазард
  • Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи на примероци од суровини, полупроизводи, готови производи, развојни проби и примероци поставени за следење на стабилност
  • Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи поврзани со мониторинг на микробиолошката чистота во производните простории во фабриката и во самата микробиолошка лабораторија
  • Ги извршува микробиолошките анализи на вода узорцирани од дефинирани потрошувачки места, според одобрени планови
  • Ги проверува добиените резултати наспроти пропишаните спецификации за квалитет и лимити на прифатливост,  базирани на фармакопејски критериуми. Квалитативно и квантитативно ги определува микроорганизмите присутни во примероците и дава прогноза за нивна можна неусогласеност со спецификацијата
  • Внимателно и точно ги внесува потребните податоци во евидентните книги, дневници и записи, согласно принципите на GMP
  • Ги пополнува сите записи за да се обезбеди интегритет на податоците и нивна следливост
  • Се грижи анализите да се извршуваат на лабораториската опрема, која е редовно калибрирана, квалифицирана и одржувана
  • Идентификува проблеми, кои се јавуваат при анализите и кај инструментите / опремата
  • Организира деконтаминација на остатоците од микробиолошките анализи и нивно соодветно складирање  до предавање за уништување

Потребни вештини:

  • Познавање на англиски јазик
  • Аналитички способности
  • Комуникативност
  • Способност за самостојна работа и работа во тим
  • Посветеност и одговорност
  • Лојалност

Писмо за мотивација и кратка биографија со фотографија, да се достават на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови во огласот ќе бидат контактирани и повикани на интервју за понатамошна селекција и избор.

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »