Помлад менаџер за стратешки клиенти

(преземи го огласот како слика)

 

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје вработува

Помлад менаџер за стратешки клиенти

Во потрага сме по динамична личност со бизнис ориентација кон реализација на продажни цели, желба и амбиција за личен развој, одлични комуникациски, преговарачки и продажни вештини и амбиција за напредок во кариера.

Основни работни задачи:

  • Реализира продажни цели преку професионално советување на правни и физички лица од областа на осигурувањето;
  • Активно учествува и креира продажни стратегии со цел унапредување на продажните процеси;
  • Врши анализа на пазарот и активно преглага мерки за унапредување на продажбата и проширување на осигурителното портфолио;
  • Соработува проактивно со сите служби во компанијата во насока на испорака на премиум услуга до клиентите;
  • Чесно, посветено и професионално ги гради и одржува реалациите со сите постојни и нови клиенти на Компанијата;

Квалификации, вештини и искуство:

  • Минимум завршено високо образование
  • Претходно работно искуство во осигурување, продажба или финансиска институција ќе се смета за предност;
  • Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија
  • Фокусираност кон резултати и развој;
  • Проактивен пристап и мотивација за напредок;
  • Визија за личен развој во согласност со визијата на Компанијата;
  • Развиени комуникациски, продажни и лидерски способности;
  • Адаптибилност кон работна средина и опкружување;
  • Способност и искуство во водење, менторирање и менаџирање на тимови;

Добро е да си во Кроација

Одлични фиксни примања со мотивирачки бонуси и други бенефиции преку програмата за вработени ДОБРО Е ДА СИ ВО КРОАЦИЈА;

  • Избраниот кандидат/и ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа во Скопје.
  • Компетитивна почетна плата и варијабилен дел
  • Работа во осигурителна компанија со традиција од 138 години, во позитивна, инспиративна и динамична работна средина;
  • Поддршка во процесот на работно воведување и едукација, но и во процес на развој и напредок;
  • Дефиниран кариерен план за личен развој, напредување во кариерата и зголемување на личните приходи;
  • Континуирана едукција во рамки на групацијата Croatia Osiguranje и од надворешни обучувачи во земјата и странство;

Ве охрабруваме Вашата кратка професионална биграфија да ни ја испратите најдоцна до 15.02.2023г. на следната mail адреса: hr@crosig.mk   со назнака: АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОМЛАД МЕНАЏЕР ЗА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »