Плата 55.000 ден.
Нова Државна Лотарија на Македонија НОВОВЛТ ДОО Скопје е нова, стартап компанија во состав на НОВОМАТИК групацијата чија основна дејност е:
- Организирање на електронски игри на среќа.
- Очекувањата се ова да биде модерна, профитабилна компанија, која ќе ги постави стандардите за општествена одговорност од самиот нејзин старт.
Во тек е формирање на сосема нов тим и за таа цел и охрабруваме да се пријават сите оние што ги исполнуваат основните потребни услови и што се спремни да ги вложат своите капацитети и ентузијазам пред сите предизвици што ги носи една новоформирана компанија.
Потребни квалификации:
- VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки;
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (MS
- OFIS, WORD EXCEL и POWER POINT);
- Активно познавање на англиски или германски јазик;
- Да поседува возачка дозвола Б категорија;
- Најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.
Општи работни компетенции:
- Способност за организација и самоорганизација - го води целокупното работење на Секторот за општи и правни работи и човечки ресурси преку координација на вработените во истиот, и тоа особено за следниве области: правни работи, управување со човечки ресурси, јавни набавки, правна усогласеност и етичко однесување и заштита на лични податоци.
- Ориентиран кон учење и развој и остварување резултати,
- Способен за работа во тим,
- Комуникативни способности,
Работниот однос се склучува на неопределено време.
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:00 до 16:00
Рок за пријавување: 5 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот.
Изборот ќе се изврши во рок од : 10 дена по завршување на периодот на огласување.
Останати огласи »